ОСИГУРУВАЊЕ НА
ЖИВОТНИ
Осигурени ризици
Осигурување на животни од
пцовисување, принудно колење или убивање поради болест или несреќен случај,
престој во карантин, животни на изложби, во собиралишта, и
слично.
Предмет на
осигурување:
Предмет на осигурување по овие
услови можат да бидат здрави домашни животни и тоа; копитари (коњи, мазги, мули,
магариња, говеда, овци и кози, свињи) од ризиците какви што се: пцовисување,
принудно колење поради болест, пожар, удар од гром, експлозија, поплава, луња,
лизгање и одронување на терен, паѓање на воздушни летала, манифестации и
демонстрации, газење со разни возила, удар на некој предмет, меѓусебно тепање,
ранување со оружје, давење во вода, повреди од диви ѕверови, каснување од змија,
смрзнување, труење и слично.